Настани

Утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и изнесување на Распетието Христово во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

Слава на Твоето долготрпение Господи! На 05. 04. 2018 година, во Светиот и Велики четврток од Страсната седмица, во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот презвитерот Климент Станковски отслужи утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и го изнесе Распетието Христово. На богослужението учество зеде мноштво верен народ.

Служба на светите и спасителни Христови страданија во храмот „Свети Климент Охридски “ во Канбера (Австралиска Капитална Територија)

„Оној што се облекува со светлина како со риза, необлечен стоеше на судот и по образот прими удари од рацете што ги создаде: беззаконите луѓе на крст Го приковаа Господа на славата: тогаш храмовата завеса се раздра, сонцето се помрачи, не можејќи да го гледа понижувањето на Бога, пред Кого трепери сѐ што е создадено: Нему да Му се поклониме“ (Десетти антифон на Утрена на Велики Петок)   На 05. …

Утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и изнесување на Распетието Христово во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

Денес виси на дрво Оној што земјата ја обеси на водите; со венец од трња е крунисан Царот на ангелите; во смешна багреница се обелкува Оној што небото го облекува со облаци; шлакациници прима Оној што во Јордан го ослободи Адама; со клинци се приковува црковниот Младоженец; со копје се прободе Синот на Дева: се поклонуваме на Твоите страдања, Христе, се поклонуваме на Твоите страдања, Христе, покажи ни го славното …

Утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и изнесување на Распетието Христово во храмот „Свети Никола“ во Перт (Западна Австралија)

На 05. 04. 2018 година, во Светиот и Велики четврток од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот протојереј Станко Јовановски во отслужи утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и го изнесе Распетието Христово. На богослужението учество зеде мноштво верен народ.