Велика сабота во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

Попусто го чуваш гробот, стражо,

Зашто тој не може да го задржи самиот Живот

 

На 07. 04. 2018 година, во Светата и Велика сабота од Страсната седмица, кога Светата Црква си спомнува и за Благовештението на Пресвета Богородица, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот презвитерот Климент Станковски отслужи Света Василиева литургија.

На богослужението учество зеде мноштво верен народ, кој се  причести со Светите Христови Тајни.