![](https://www.macedonianorthodoxdiocese.org.au/wp-content/uploads/2018/03/28378014_319351701921562_4854874914845055551_n-450x600.jpg)
На 02. 03. 2018, во петокот од втората седмица на Великиот пост, во предвечерието, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица.
На богослужението присуствуваше верниот народ, кој и принесе благодарствени молби на Богомајката. Народот принесе и приноси – петолебие.