БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА И СВЕТА ТАЈНА ЕЛЕОСВЕШТЕНИЕ (МАСЛОСВЕТ) ВО РОКДЕЈЛ
На 02. 05. 2024 година, во Светиот и Велики четврток од Страсната седмица, кога Светата Црква си спомнува за Тајната Вечера на Господ Исус Христос со учениците, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески служеше вечерна Василиева литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни. По отслужената Литургија се изврши Светата …
ПРЕЖДЕОСВЕШТЕНА ЛИТУРГИЈА НА ВЕЛИКА СРЕДА ВО РОКДЕЈЛ
На 01. 05. 2024 година, во светата и велика Среда од Страсната седмица, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески отслужи Литургија на претходноосветени дарови. На Литургијата, учество зеде верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.
ЦВЕТНИЦИ ВО МАНАСТИРОТ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО КИНГ ЛЕЈК, МЕЛБУРН (ВИКТОРИЈА)
„Од устата на младенците и девојчињата си ја создал похвалата Своја, заради непријателите Твои, за да го срушиш непријателот и одмазникот“ (Псалм 8,2) На 28. 04. 2024 година, во Шестата недела од Великиот пост, кога Светата Црква го празнува празникот Влегувањето Христово во Ерусалим – Цветници, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) отслужи Света Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести …
ЛАЗАРЕВА САБОТА ВО ГОЛД КОСТ
На 27.04. 2024 година, кога се празнува споменот на Лазаревото воскресение во црковната општина „Света вмч. Недела“ во Голд Кост, старешината на храмот јерејот Горан Божиновски отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.
ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ ВО ХРАМОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО РОКДЕЈЛ, СИДНЕЈ (НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС)
На 21. 04. 2024 година, во Петтата недела од Великиот пост – Недела на Света Марија Египјанка, кога се празнува споменот на Светите апостоли Иродион, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј; Свети Нифонт, епископ Новгородски; Свети Келестин, папа Римски;, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се …
