Велигденско послание – 2018

† СТЕФАН   ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД, ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ ПОЗДРАВ – ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!    Да Му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос.[1] Подвигот е Негов, а венците наши.[2]   Возљубени празникољупци,   …

Кој ни е ближен? – Свети Јован Кронштадски

  Ближен треба да го сметаме секој човек, кој и да е, макар и непријател, а особено кога му е потребна помош. Заради стекнување на вечен живот треба да се почитуваат двете најважни заповеди – љубов кон Бога со сето срце и кон ближните. Да се љуби ближниот како себе, значи да се почитува како себе, ако тој, сепак е достоен за тоа. Да не се мисли за него недостојно …

ОДЛУЧЕТЕ СЕ ВЕЌЕ ЕДНАШ – ЗА ЦАРСТВОТО НЕБЕСНО ИЛИ ЗА ЦАРСТВОТО ЗЕМНО! – Митрополит Струмички Наум / MAKE A CHOICE – THE KINGDOM OF HEAVEN OR THE KINGDOM OF EARTH – Metropolitan Naum of Strumica

Зошто истите луѓе што Го внесуваат и дочекуваат во слава Богочовекот Христос во Ерусалим (види: Матеј 21, 1–11), по само неколку денови на најразлични начини се одрекуваат од Него? (види: Лука 23, 1–25). Од истата причина како и ние денес – со таа разлика што за нив има некакво оправдување, а за нас нема никакво. Причината е заробеноста на нашето срце од страстите, поистоветувањето со овосветските форми на самочовечко здружување …

Беседа за празникот Цветници

Денес го празнуваме споменот на величественото влегување на Господа во Ерусалим. Тоа е еден од највпечатливите моменти во овоземниот живот на Спасителот. За да можеме поживо да си го претставиме тоа случување и од него да извлечеме поголема поука, мислено да се пренесеме во она време, во оној ден кога тоа се случило. Светиот град Ерусалим се подготувал за големиот празник Пасха. За тој празник во градот доаѓале многу луѓе, …

Избрани поуки од свети Климент Охридски

Бог е вечна и бесконечна Светлина, неприкосновена, ниту за умот достижна, ниту со збор искажлива, неопфатна и недопирлива. Таа е просвештение за секое разумно создание. Таа е за духовниот она што е сонцето за видливиот свет. Таа го просветлува овој видлив свет и го прави забележлив за телесните очи. Доколку се осветлуваме, Таа Светлина е чувствувана од нас; доколку е почувствувана, Таа буди љубов кон Себе; и доколку е возљубена, …