СИНАКСАР НА ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ПО ПАСХА, ЗА РАСЛАБЕНИОТ
Стихови: Во Овчата бања, Христос со еден збор, како мудар лекар, го исцели раслабениот. Во тој ден, четврта недела по Пасха, правиме спомен на раслабениот (парализираниот) и, како што прилега, празнуваме едно чудо што го направи Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос. Овој настан е поместен овде затоа што Христос го направи за време на еврејската Педесетница. Кога се искачи во Ерусалим за празникот, и кога беше во …
ИСТОЧЕН ПЕТОК – БАЛАКЛИЈА
Во Цариград во V век, во близина на таканаречената „Златна Порта“ постоело место полно со кипариси и чинари, уште одамна посветено на Пресвета Богородица. Во шумичката постоел извор, исто така одамна познат како источник на чуда. Со текот на времето местото обраснало со грмушки, а водата исчезнала во калта. Само влажноста на земјиштето навестувала дека постои извор. Еднаш војникот Лав Маркел минувајќи низ тоа место наишол на беспомошен патник, слеп …
СИНАКСАР НА СВЕТАТА И ВЕЛИКА САБОТА
Стихови: Попусто го чуваш гробот, стражо, Зашто тој не може да го задржи самиот Живот. Во светата и Велика Сабота го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, Кој нашиот род од распадливост го повика кон вечен живот. Светата Четириесетница е поголема од сите други денови, а од неа, пак, е поголема оваа света и Велика седмица; а од Великата седмица …
БЕСЕДА ЗА ВЕЛИКИ ПЕТОК – РОДИОН ПУТЈАТИН
Молчи устата на Спасителот, не зборува јазикот, ами говори срцето Негово. Чуј што ти порачува срцето на Спасителот: – Гледаш ли колкава е мојата љубов спрема тебе! Ти постојано стравуваш за своето спасение. Јас лежам мртов, Јас умрев за твоето спасение. А ти пак мислиш дека твоето спасение е незвозможно. Зарем ќе очајуваш? Да, јас однапред знаев, уште пред да се родиш дека ти ќе се сомневаш и ќе очајуваш …
НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА
Недела на Света Марија Египетска е петтата и последната недела на Велигденскиот пост. Со неа започнува последната недела на Светата Четириесетница; се празнува споменот на преподобната Марија Египетска, покајана блудница. После оваа недела доаѓа следи Цветната Недела, по што Црквата влегува во Страстната Седмица. Во четвртокот од оваа недела се чита целиот покаен канон на свети Андреј Критски. Доколку на тој ден се празнува Светото Благовештение, канонот се чита во …
