ПРОСТЕТЕ! – ОТЕЦ ГАВРИЛ / FORGIVE ME! – FATHER GAVRIL (GALEV)

Простете! Простувањето е основа и почеток на духовниот живот како и за Големиот Пост. Простувањето е примање на Бога во себе. Простувањето е врата, која ако простиме, ја отвараме и во срцето Го примаме Бог и оној на кого сме му простиле. Но ако некому не простиме, значи дека Христос е надвор од нашето срце и ние немаме ништо со Христос. Простувањето е помирување, прво со Христос, а потоа и …

НЕДЕЛА НА СТРАШНИОТ СУД (МЕСОПУСНА)

Оваа недела вниманието на Црквата е свртено кон Евангелието за Судот Божји (Мт. 25, 31-46) на кој што недостигот на дела на љубов ќе нѐ покаже виновни пред Бога. Ден претходно, во саботата месопусна си спомнуваме за сите претходно упокоени отци и браќа наши. Во деновите што следат по оваа недела (по 11 февруари), од трпезата го отстрануваме месото. Во среда и петок јадеме млеко и јајца.   Воведни напомени …

БЕСЕДА НА ПРОТОЈЕРЕЈОТ БОРИСЛАВ ЛАЗОВ ЗА ВРЕМЕ НА ПРИСТАПУВАЊЕТО ЗА ПАРОХИСКИ СВЕШТЕНИК ВО ВОЛОНГОНГ

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Благочестиви христијани, Драги браќа и сестри! Би бил неблагодарен ако моето обраќање кон Вас не го започнам со благодарност најпрво кон Бога и Неговата Пресвета Мајка Богородица, во чиј што храм до пред некој ден ѝ служев во градот Скопје; ако не благодарам на блажено упокоениот митрополит г. Тимотеј кој благослови да бидам Ваш иден свештеник, до Неговото Блаженство нашиот Архиепископот …

НЕДЕЛА НА БЛУДНИОТ СИН

Неделата на блудниот син е втората подготвителна недела за Великиот пост. Нејзе ѝ претходи Неделата на митарот и фарисејот, а по неа следи Неделата на Страшниот Суд.   Во оваа подготвителна недела, Црквата се сеќава на Христовата парабола за големината на Божјата љубов и проштевање, односно параболата за блудниот син (Лука 15,11-24). Секој христијанин треба да увиди дека е далеку од домот на својот Отец, да се покае и да …

ЗА СЛАВЕЊЕТО НА СВЕТИ ТРИФУН И СВЕТИ ВАЛЕНТИН

Денес човекот како да не живее свој сопствен живот базиран на вистини и лични сознанија, туку како да сме го исклучиле мозокот и живееме на општоприфатени „вистини” и туѓи сознанија. Речиси сите нешта се добро искомерцијализирани, а сето тоа не го одминало ни современиот Православен човек. Така е со ликот на ДедоМраз, за кој многу мал процент православни знаат дека всушност вистинскиот ДедоМраз е светиот Николај Мирликијски, но таков е …