ЗОШТО СЕ ПРИНЕСУВА ПЕТОЛЕБИЕ?
Лебот е најдрагоцен дар на олтарот. Со нив треба да се приложи и лист со испишани имиња на живите членови на фамилијата за да ги спомне свештеникот на богослужбата. Лебот не е скап артикал, но е од непроценлива вредност штом ќе стигне до светиот олтар. Нема поголема чест ниту привилегија зa домаќинката со своите сопствени раце да замеси пет лепчиња кои на Светата богослужба ќе ce осветат и благословат. Само …
Тајната на Крстот Христов – Митрополит Наум / THE MYSTERY OF THE CROSS OF CHRIST – Metropolitan Naum of Strumica
„Ако некој сака да оди по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе крстот свој и нека врви по Мене! Оти кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби душата своја заради Мене, тој ќе ја спаси“ (види: Матеј 16, 24–25; Лука 9, 23–24; Марко 8, 34–35). Светите апостоли Матеј, Марко и Лука во Светото Евангелие речиси идентично ги имаат запишано …
СВЕТИТЕ ЧЕТИРИЕСЕТ МАЧЕНИЦИ ВО СЕВАСТИЈА (МЛАДЕНЦИ) – 22. 03
Сите овие беа војници во римската војска, но тврдо веруваа во Господ Исус. Кога настана гонење во времето на Ликиниј, ги изведоа на суд пред војводата, а тој им се закани дека ќе им ја одземе војничката чест. На ова еден од нив, Свети Кандид, одговори: „Не само војничката чест туку и телата земи ни ги; нам не ни е ништо помило и почесно од нашиот Бог Христос“. По ова …
БEСЕДА ЗА ПОСТОТ И МОЛИТВА – СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА
Вистината и цврстата вера, усогласени и едномислени со нашите богоносни Отци, претставуваат крајна цел на Божествените догми, на истрајната работа на нив и созерцанието. Меѓутоа, за дејствувачката добродетел тоа не претставува крај, дури може да се рече дека тоа е нејзиниот почеток, која ако не се спои со крајот кој ѝ соодветствува, ќе биде причина за уште поголема осуда за оној, кој ја привлекол кон себе, бидејќи е речено: А …
ПРОСТЕТЕ! – ОТЕЦ ГАВРИЛ / FORGIVE ME! – FATHER GAVRIL (GALEV)
Простете! Простувањето е основа и почеток на духовниот живот како и за Големиот Пост. Простувањето е примање на Бога во себе. Простувањето е врата, која ако простиме, ја отвараме и во срцето Го примаме Бог и оној на кого сме му простиле. Но ако некому не простиме, значи дека Христос е надвор од нашето срце и ние немаме ништо со Христос. Простувањето е помирување, прво со Христос, а потоа и …
