СВЕТИ ТРИ ЕРАРСИ

На 12. 02. 2019 година, денот кога си спомнуваме за Светите Три Ерарси (Јован Златоуст, Василиј Велики и Григориј Богослов) и светиот свештеномаченик Иполит Римски, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија со Свети Божествени Литургии, молитвено беше прославен нивниот спомен. На Божествените Литургии верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

37 НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

На 10. 02. 2019 година, во 37. недела по Педесетница, со Свети Божествени Литургии во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, молитвено беше прославен споменот на преподобниот Ефрем Сирин, преподобниот Исак Сирин и преподобниот Паладиј. На Божествените Литургии верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.  

36 НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

На 03. 02. 2019 година, во 36. недела по Педесетница , со Свети Божествени Литургии во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, молитвено беше прославен споменот на преподобниот Максим Исповедник и светиот маченик Неофит Никејски. На Божествените Литургии верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.  

СВЕТИ ЕФТИМИЈ ВЕЛИКИ

Преподобен и славен оче Ефтимие, откако го оста- ви она што е на земјата, си Го следел Христа, без да ги претпочиташ распадливите богатства повеќе од идните; живеејќи во пустината како во град, си ги погубил демонските полкови. Кој би можел да ја искаже навистина топлината на твојата душа кон Господа, преславен? (Хвалитна стихира, глас 8, на Утрена на преп. и богоносен отец наш Ефтимиј Велики)   На 02. 02. …

СВ. АТАНАСИЈ И КИРИЛ АЛЕКСАНДРИСКИ

Свечено да ја прославиме големата слава на светите Атанасија и Кирила, непобедливите застапници, зашто тие со силата на Пресветиот Дух ги поразија таборите на ересите, и трофеите на Православието ги подигнаа по целата вселена, давајќи го точниот број на Троичната тајна, според ипостасите и нивните различни својства, и пак собирајќи ги во неслиено единство, поради еднаквоста на нивната суштина и, херувимски богословејќи, се молат постојано за душите наши. (Стиховна стихира …