Света Божествена Литургија и Свето Крштение во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

“Денес се изврши големо и преславно чудо, зашто Христос од гробот го воскресна четиридневниот мртовец, откако го повика. И ние Го славиме Него како преславен, по молитвите на праведниот Лазар, да ги спаси душите наши.”

 

На 31. 03. 2018 година, во Шестата недела од Великиот пост, кога Светата Црква го празнува Воскресението на Лазар Четириднецниот – пријателот Господов (Лазарева сабота), во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

По Литургијата, Архимандритот Гаврил (Галев) ја изврши првата Крштевка во манастирот.