Акатист во храмот „Света Петка“ – Рокдејл

На 24. 03. 2017 година, во петок од Четвртата седмица од Великиот пост, во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј – Нов Јужен Велс, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението молитвено учество зеде многуброен народ.   Радувај се, Пречиста Владичице, очистилиште на светот. Радувај се, лествице, која со благодатта ги издигнуваш сите од земјата. Радувај се, мосту, кој навистина ги преведуваш од смртта кон животот, сите што …

Литургија на претходноосветени дарови во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 24. 03. 2017 година,  во четвртиот петок од Великиот пост, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Литургија на претходноосветени дарови. На Литургијата, учество зеде верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.

Акатист во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 24. 03. 2017 година,  во четвртиот петок од Великиот пост, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението учествуваше многуброен народ. Храбра наша Војводко победоносна, ние, слуги Твои од зло избавени, песни пофални Ти воспеваме, Богородице: но Ти Која крепост имаш непобедлива, од секоја беда ослободи не, да повикуваме: Радувај се, Невесто Неневестна!

Tрета недела од Великиот пост во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)  

  На Твојот крст се поклонуваме Владико, и Твоето свето Воскресение го воспеваме и славиме!  На 19.03. 2017 година,  во Третата недела од Великиот пост – посветена на Честниот Крст, кога се празнува споменот на светите Четириесет и двајца маченици од Амореа; блажениот Јов и светите маченици Канон таткото и Канон синот, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде …

Tрета недела од Великиот пост во соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Сиденхам, Мелбурн (Викторија)

На Твојот крст се поклонуваме Владико, и Твоето свето Воскресение го славиме!   На 19.03. 2017 година,  во Tретата Недела од Великиот пост – посветена на Честниот Крст, кога се празнува споменот на светите Четириесет и двајца маченици од Амореа; блажениот Јов и светите маченици Канон таткото и Канон синот, во црковната општина „Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински отслужи Света божествена Литургија. На …