Tрета недела од Великиот пост во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На Твојот крст се поклонуваме Владико, и Твоето свето Воскресение го  славиме!  На 19.03. 2017 година,  во Третата Недела од Великиот пост – посветена на Честниот Крст, кога се празнува споменот на светите Четириесет и двајца маченици од Амореа; блажениот Јов и светите маченици Канон таткото и Канон синот, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Света божествена Литургија. На …

Акатист во храмот „Света Петка“ – Рокдејл

На 17.03.2017 година, во третиот петок од Великиот пост, во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј – Нов Јужен Велс, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението учествуваше многуброен народ. Храбра наша Војводко победоносна, ние, слуги Твои од зло избавени, песни пофални Ти воспеваме, Богородице: но Ти Која крепост имаш непобедлива, од секоја беда ослободи не, да повикуваме: Радувај се, Невесто Неневестна!

Кратко житие на свети Наум Охридски, чудотворец

И ете, братја, да не остане без спомен, братот (по дух) на блажениот Климент, и содругарот и сострадалникот негов, зошто многу маки претрпе и страданија со него, од еретиците, Наум презвитерот (свештеникот). Кога Климента за епископ го поставија, тогаш благоверниот кнез Симеон го испрати во Кутмичевица собратот негов Наум, на негово место, да учителствува. И тој ототогаш, во благоугоден подвиг продолжи да пребива, дественоста уште од деството запазувајќи ја, па …

Од животот, мисијата и посланијата на Св. ап. Павле до црквите во Македонија

Во личноста на светиот апостол Павле го препознаваме првиот христијански проповедник на македонските простори (земја, тло). Со своето доаѓање во Македонија, тој го подготви патот за покрстување на европскиот континент, па со право можеме да кажеме дека христијанството во Европа дојде преку Македонија. Апостолот Павле е роден во првите 10 години по Христа, во Тарс, град што се наоѓал на југот од Мала Азија, на брегот на Средоземното Море. Неговото …

За постот

Постот е древен дар, кој не слабее, не старее, туку постојано се обновува и цути со полна убавина. Постот ја праќа молитвата на небото, како на крилја, тој ја вознесува на својот возвишен пат. Постот е – напредок на домовите, мајка на здравјето, воспитувач на младоста, украс на старците, добар сопатник на патниците, сигурен сожител на тие што живеат заедно. Постот ги чува децата, на младите му дава поука, на …