Повечерие и веронаука во црковната општина„Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 14.03. 2017 година (вторник),  кога се празнува споменот на преподобната маченичка Евдокија; преподобен Агапиј и на преподобната маченичка Антонина во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг се одржа повечерие и час по веронаука од страна на игуменот Гаврил (Галев), протојереј – ставрофор Ефтим Бетински и јерејот Климент Станковски, старешина на храмот. На предавањето присуствуваше голем број на верен народ.

Пресвета Богородица Скоропослушница ја посети Струмица и целата нашата Татковина

За тебе се радува, Благодатна, сета твар; ангелскиот собот и човечкиот род! И како би можеле да не се радуваат земните и небесните кога Твојата појава, Пречиста, насекаде причинува радост наднебесна?! Ете, со какви умешни и благодарствени слова би можеле ние, најмалите и недостојните, да ја искажеме сета онаа радоста сесвештена што денес Ти, Преславна, ја приреди за градот Струмица и за Татковината наша? Оти, со Твојата икона света, наречена …

Акатист кон преподобната и богоносна мајка наша Параскева

Кондак 1 Избрана од Господа да бидеш светол зрак на Црквата, преподобна мајко Параскево, со своето житие, на ангелите слично, на сиот свет му светиш како пресветло сонце и си се јавила како исцелителка на оние кои се во телесни и духовни болести. Затоа со вера ти пееме: Радуј се, Утехо на ожалостените, преподобна мајко наша Параскево! Икос 1 Покажувајќи ангелска ревност, достојна за восхит, си го украсила својот земен …

Втора недела од Великиот пост во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 12.03. 2017 година,  во Втората Недела од Великиот пост – посветена на свети Григориј Палама, Солунскиот чудотворец, кога се празнува споменот на преподобниот Прокопиј Декаполит и на свети Агатангел Битолски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите …