Настани

Новости од Австралиско – сиднејската епархија: Со благослов на Неговото Високопресвештенство г. Тимотеј е изградена официјална веб страница на Епархијата – http://mpcaus.org

На епархиското собрание на Австралиско – сиднејската епархија, одржано на 11. 01. 2017 во Мелбурн се донесе одлика да се формира „Епархиски Просветен Одбор“ (ЕЦПО), кој ќе се грижи за просветата и издавачката дејност во Епархијата. Идејата потекна од насушната потреба на нашиот народ за духовно пресветлување и познавање со нашата вера. По тој повод ЕЦПО се зафати со работа на неколку проекти од кои некои веќе се реализирани, а …

Божествена литургија во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 07. 04. 2017 година,  кога се празнува Светото Благовештение, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.  

Литургија на претходноосветени дарови во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 05. 04. 2017 година, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Литургија на претходноосветени дарови. На Литургијата, учество зеде верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни. По Литургијата најмладите подготвуваа палмови крстови за престојниот празник Цветници.  

Петта недела од Великиот пост во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 02. 04. 2017 година,  во Петтата Недела од Великиот пост – посветена на света Марија Египетска, кога се празнува споменот на преподобен маченик Јован и другите со него и на светата маченичка Фотина, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести …