![](https://www.macedonianorthodoxdiocese.org.au/wp-content/uploads/2018/04/30264843_463643857400898_8643937114188152832_o-450x338.jpg)
Попусто го чуваш гробот, стражо,
Зашто тој не може да го задржи самиот Живот
На 07. 04. 2018 година, во Светата и Велика сабота од Страсната седмица, кога Светата Црква си спомнува и за Благовештението на Пресвета Богородица, во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински отслужи Света Василиева литургија.
На богослужението учество зеде мноштво верен народ, кој се причести со Светите Христови Тајни.