![](https://www.macedonianorthodoxdiocese.org.au/wp-content/uploads/2018/04/30415095_2024955921093724_5324653153658863616_o-450x600.jpg)
Денот на воскресението е, да се радуваме во торжеството на празникот и да се прегрнеме еден со друг. На оние кои нè мразат, да им речеме: браќа! И да простиме сè заради воскресението.
Пасхална стихира
На 08. 04. 2018 година, во црковната општина „Свети вмч. Димитриј“ во Волонгонг, старешината на храмот презвитер Роберт Илијевски го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Христос воскресна од мртвите,
со смртта смртта ја победи,
и на тие во гробовите
живот им подари!
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!